КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ ВО КОНЧЕ И РАДОВИШ

Во два термина на 7 и 8 јули Црвен крст на Македонија, Општинска организација Радовиш Ве поканува да земете учество на крводарителските акции во Конче и Радовиш.

Крводарителна акција ќе биде во зградата на општина Конче во терминот од 10-14 часот во Среда на 08 јули, додека претходниот ден на 07 јули во просториите на Црвен Крст Радовиш ќе се одржи акцијата во градот Радовиш во периодот од 09-14.30 часот.

 


Општинска организација Црвен крст Радовиш напоменува дека крводарувањето не е поврзано со Ковид-19 и е сосема безбедно.
Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно.
Ги замолуваме крводарителите кои ќе даруваат крв да ги почитуваат препораките за сомозаштита на Министерството за Здравство.

Ве очекуваме,
Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј ЖИВОТ.

Црвен крст, општинска организација Радовиш


Факти за крводарувањето:
– Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.
– Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.
– Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.
– Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
– Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.
– Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.
– На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.
– Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослобооден од плаќање на сите видови болничка партиципација.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза