Според метероролозите македонското подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса до среда која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Процесите на локално ниво ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, период каде што започнува да дува и силен северен ветер и постабилен период не очекува од среда.
Во Радовиш денес променливо облачно, со сончеви периоди и појава на краткотраен дожд, а од пладне нестабилно, со можност за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 19 до 31 Целзиусови степени.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење