НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА НА НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ

Регулаторната комисија за енергетика денес ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цената на малопродажните цени на сите нафтени деривати се зголемија за 0,50 денари.

Вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денар/литар и ќе изнесува 60,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од минатата недела (29.06.2020 година).

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денар/литар и од вечерва на полноќ ќе изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,156 ден/кг и ќе изнесува 25,980 ден/кг.

Од 07.07.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 60,50 (денари/литар)
    Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 63,00 (денари/литар)
    Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 52,50 (денари/литар)
    Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 52,50 (денари/литар)
    Мазут М-1 НС 25,980 (денари/килограм)

 

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза