На 01.07.2020 во 09.15 часот било пријавено дека во Радовиш на булевар Александар Македонски, автомобил „фолксваген голф“, управуван од Д.Ј.(59) од село Лакавица, удрил во пешаците П.Б.(69) и 10-годишно девојче, двајцата од Радовиш.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобило девојчето, а со телесни повреди се здобила П.Б., констатирани во ЈЗУ-Радовиш, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш
Информираат од МВР
*фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење