РАКОМЕТНАТА СУПЕРЛИГА ЗАПОЧНУВА НА 12 СЕПТЕМВРИ

Почетокот на сезоната е закажан за 12/13 септември, нашиот клуб после ждребувањето се најдe во група „А“ каде што со Јуниор Кисела Вода, Астраион, Пролет 62, Радовиш, Охрид и Струга ќе играт за пласман во Плеј-оф завршницата – првото коло го играме во Струмица.

Оваа сезона е со најголем број екипи кои се поделени во две групи каде што ќе се разигрува за Плеј-оф завршницата и Плеј-аут бараж за опстанок, се предвидени 14 кола и едно коло каде што секоја ќе биде слободна. Шампионатот е предвиден да трае 3 месеци завршувајки според предвидениот распоред во декември.

 

ГРУПА „А“

Охрид, Пролет, Радовиш, Струга, Астраион, Голден Арт, Јуниор КВ.

1. Коло:

Астраион – Радовиш

Јуниор К. В. – Пролет

Голден Арт – Охрид

Струга е слободна


ГРУПА „Б“

Металург, Бутел Скопје Е. Пелистер 2, Работнички, Тиквеш, Прилеп, Младост (Б)

 

1. Коло:

Младост – Тиквеш

Работнички – Бутел

Металург – Е. Пелистер 2

Прилеп е слободен

 

Екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер имат обврски и настап во Лигата на шампиони и СЕХА лигата, и се ослободени од првиот дел од сезоната и ќе се приклучат во Плеј-оф завршницата.

 

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза