РК РАДОВИШ ВО „ШЕШИР 3“ ОД ЖДРЕПКАТА ЗА ГРУПИТЕ ОД СУПЕР ЛИГАТА

Извлекувањето на учесниците по групи ќе биде по принцип на полу – бергер систем согласно претходен ранкингот во национален систем на натпревари.

шешир 1: РК Металург, ГРК Охрид
шешир 2: РК Пролет 62, РК Бутел
шешир 3: РК Радовиш, РК Еурофарм Пелистер 2
шешир 4: РК Струга, РК Работнички
шешир 5: РК Астраион Хендбол, ГРК Тиквеш 2014
шешир 6: Голден Арт КЛ-7, РК Прилеп
шешир 7: РК Јуниор Кисела Вода, РК Младост Богданци

Ждрепката ќе се одржи утре, во 12:00 часот со LiveStream на Youtube каналот на РФМ.

По завршување на регуларниот дел првите три екипи од двете групи заедно со екипите кои настапуваат во Регионалната лига ја формираат Плеј офф групата од 8 екипи кои ќе го одредат победникот на првенството и учесниците во ЕХФ куповите и Регионалната лига.

Екипите од 4-то до 7-мо место од групите А и Б од регуларниот дел ќе ја формираат Плеј аут групата од 8 екипи. Второ пласираната екипа во Плеј Аут групата ќе игра бараж натпревар со прво пласираната екипа од Првата Машка Лига, победникот од тој натпревар ќе обезбеди учество во Супер Машка Лига во натпреварувачка сезона 2021/2022 година.

 

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

About the author /


Related Articles

Временска прогноза