Работните активности во селата Прналија и Аликоч се при крај каде што се комплетира проектот за изградба на 17 улици во 6 села – информираат од општина Радовиш.
Во овие села каде што претежно живее население од турска националност им се решаваат проблемите кои што со децении се соочуваа овие жители.
Поплочени со бекатон во Калаузлија се четири улици, во Аликоч три, во Коџалија три, во Бучим три, во Тополница три и во Прналија една улица која е кружна и е до самиот влез на училиштето.
Градоначалникот Конзулов информираше дека преку овие проекти целта на општината е секое населено место па и градот Радовиш да добие урбан простор за движење на луѓето и нормално движење на возилата, тој исто така спомна дека се продолжува со проектите инфраструктурни во општина Радовиш кои се предвидени во овогодишната програма и планирање на уште проекти кои би се реализирале наредната година.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење