ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТОПЛОТЕН БРАН ВО ЛЕТНАТА СЕЗОНА

Младите волонтери од Клуб на млади на ООЦК Радовиш вчера имаа акција со која се делеа флаери, шише со вода и притоа даваа совети на граѓаните, превентивно како да се заштитат од топлотниот бран.

Најмногу внимание се посвети на постарите лица кои се воедно и најранливи во овој период на топло време.


Граѓаните ја поздравија акцијата и ги прифаќаа советите дека ќе се придржуваат до мерките на заштита,се со цел за одржување на сопственото здравје. Воедно волонтерите им посочуваа на граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита од Корона вирусот, препорачани од Министерството за здравство.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза