Денес екипи на ЈП „Плаваја“ и општина Радовиш беа на терен и расчистуваа насносите кои беа создадени од синоќашните обилни врнежи од дожд кои ги имаше на тероторијата на општина Радовиш.
„Изминатата ноќ територијата на општина Радовиш беше зафатена со интензивни поројни дождови, во период од 9 часа (од 23:00-8:00ч), според податоците од мерната станица во Радовиш, наврнале вкупно 66л/m2 дожд. Најинтензивно било во периодот од 00:00-00:59 каде за еден час наврнале дури 22 л/m2 дожд.“
Ваквите врнежи се 2/3 од вкупните врнежи за месец март кога имало наврнато 92,5 л./m2, односно овие врнежи ги надминуваат вкупните врнежи за месец јануари, февруари, мај и јули за неколку пати и се приближно исти со вкупните врнежи за месец април и јуни годинава. (*Зелена агенда).
Според метеоролозите исто така денес и утре се предвидуваат обилни врнежи од дожд.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење