УТРЕ НА ГРАДСКИ БЕЗ ПУБЛИКА – ФУДБАЛЕРИТЕ НА ФК ПЛАЧКОВИЦА СО НЕГАТИВНИ РЕЗУЛТАТИ НА “КОВИД 19“

Утре сабота 22.08.2020 година, на Градскиот стадион во Радовиш ФК Плачковица ќе го одигра првиот натпревар од новата сезона.

Терминот на одигрување на овој натпревар е 17.00 часот против екипата на ФК Тиквеш од Кавадарци.

Поради донесените мерки за заштита и превенција од Корона вирусот овој натпревевар ќе се одигра без публика.

Љубителите на фудбалот и спортот натпреварот помеѓу ФК Плачковица и ФК Тиквеш ќе можат да го проследат директно на каналот на ФФМ преку следниот линк: ФК ПЛАЧКОВИЦА – ФК ТИКВЕШ

 

Исто така ФК Плачковица извести дека , комплетно со сите фубалери, стручниот штаб и лица кои се дел од администрацијата на овој клуб врз основа на претходно донесените одлуки на ФФМ за тестирање на сите вклучени лица беа направените „Ковид 19“ тестови.

Овие тестови сите се со негативни резултати, со што е дадено зелено светло за почеток на оваа натпреаврувачка сезона.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза