НОВИОТ КООРДИНАТОР НА ТИКА ВО МАКЕДОНИЈА НА РАБОТНА СРЕДБА ВО РАДОВИШ

Градоначалникот Конузлов денес имаше работна средба со новиот координатор на  ТИКА, Хамер Омер Согут и неговите соработници.

Разговаравме за продлабочување на соработката и унапредување на условите за живот во нашата општина преку реализација на проекти од заеднички интерес. ТИКА останува посветена на решавањето на проблемите на ранливите категории граѓани во општеството и вложувањето во области како образование и здравство.

Им се заблагодарувам за досегашната плодна соработка и очекувам во иднина да ги продлабочиме нашите пријателски односи за доброто на граѓаните и просперитетот на нашите држави – истакна Градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

About the author /


Related Articles

Временска прогноза