РАКОМЕТАРИТЕ ЗАПОЧНУВААТ ВО ПЕТОК – НОВИОТ СУПЕРЛИГАШ АСТАРИОН ДОМАЌИН НА РК РАДОВИШ

РК Радовиш ја започнува натпреварувачката сезона во петок, и тоа на гостински терен во Струмица кај новиот Суперлигаш, РК Астарион.

Нашите ракометари подготвени и фаворитски влегуваат во овој натпревар, мотивирано со голем број на повратници-играчи кои очекуваме дека ќе ја оправдат довербата на управата и тренерот Љупче Мијалов, исто така и играчите-костурот на екипата кој се со обновени договори и кој минатата сезона имаа одличен пласман на табелата освојувајки го петтото место.

РК Радовиш денес имаше контролни тестови за сите играчи и управата и лицата кои се дел од клубот како техничкиот персонал, се надеваме дека овие тестови ќе се негативни и без никакви проблеми нашиот клуб ќе влезе во петочниот натпреавар донесувајки ги првите бодови во Радовиш.

Овој натпревар како и сите други од оваа сезона љубителите на спортот и ракометот ке ги следат преку Live streamnig на каналот на РФМ и ФБ страницата на РК Радовиш, сите натпревари ќе се одиграт без публика поради донесените мерки за заштита и превенција од вирусот.

 

Во оваа сезона суперлигашите се поделени во две групи нашиот клуб е во групата „А“.

ГРУПА „А“

Охрид, Пролет, Радовиш, Струга, Астраион, Голден Арт, Јуниор КВ.

1. Коло:

Астраион – Радовиш

Јуниор К. В. – Пролет

Голден Арт – Охрид

Струга е слободна


ГРУПА „Б“

Металург, Бутел Скопје Е. Пелистер 2, Работнички, Тиквеш, Прилеп, Младост (Б)

 

1. Коло:

Младост – Тиквеш

Работнички – Бутел

Металург – Е. Пелистер 2

Прилеп е слободен

 

Екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер имат обврски и настап во Лигата на шампиони и СЕХА лигата, и се ослободени од првиот дел од сезоната и ќе се приклучат во Плеј-оф завршницата.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза