ФК ПЛАЧКОВИЦА ПОБЕДИ – НОВИ ТРИ БОДА ЗА НАШИОТ КЛУБ…

ФК Плачковица конечно победи, во саботата во дуелот со новиот второлигаш ФК Росомоан имаше позитивен резултат 3-0, полувреме 1-0.

И во овој дуел имаше премногу грешки од страна на нашите фубалери, но овој пат реализацијата не изостана, првото полувреме во 17 минута се отвори резултатот и Плачковица поведе со 1-0. 

Вториот период започна динамично со повеќе акции на двете страни, Плачковица реализираше уште еден погодок во 73 минута и уште еднаш на крајот во 83 минута.

ФК ПЛАЧКОВИЦА – ФК РОСОМАН 3-0 (1-0)

Оваа игра на ФК Плачковица повторно е далеку од нормалната подготвеност на играчите кои треба да не претставуваат и да бидат наша гордост и на целата спортска радовишка јавност, да се надеваме дека следните натпревари веќе ќе бидат комплетно подготвени и уште следниот натпревар ќе донесат бодови од гости. Овие бодови се од првата победа оваа сезона, минатото коло ФК Плачковица освои бод од ремито на гостински терен кај ФК Победа, и три порази на домашен терен од ФК Тиквеш, ФК Слога и на гости од ФК Брегалница.

Според календарот на ФФМ за втората фудбалска лига 2020/21, следното шесто коло треба да се одигра во недела на 04. Октомври со почеток од 15.00 часот, а нашата ФК Плачковица треба да гостува во Македонска Каменица кај ФК Саса.

ФОТО ГАЛЕРИЈА


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Related Articles

Временска прогноза