РК РАДОВИШ СО ПОБЕДА ПРОТИВ РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7

РК Радовиш забележа победа во Радовиш, во второто коло од Супер ракометната лига на Македонија.

Гостуваше младата екипа-новиот суперлигаш екипата на РК Голден арт Кл7 од Скопје, овој натпревар беше загревање за нашите ракометари пред петочниот натпревар во Охрид против РК Охрид.

Натпреварот беше динамичен со неколку грешки каде што РК Голден арт доаѓаше и до гол разлика пре изедначување, но сепак домашните не дозволија изненадување Илиев постигна 12 гола беше прв стрелец на натпреварот, а Органџиев осум гола, шест гола постигна Илиески, а со пет заврши Каковски кај гостите. 

Мотивирано и ефикасно започна натпреаврот каде што ос самиот почеток имаше многу голови на двете страни, но РК Радовиш направи една серија и поведе со 7-4, за на полувреме да се замине со 17-15.

На старот од вториот дел РК Радовиш имаше серија и водство од плус пет гола 20-15, но неизвесноста продолжи до самиот крај каде што се играше гол за гол и завршувајки со резултат 33-29.

РК РАДОВИШ – РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7 33-29 (17-15)

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Related Articles

Временска прогноза