„ОСЛОБОДИ ГО УМОТ ОД КОРУПЦИЈА“ -започнаа реализацијата на долгорочниот проект

Во Центарот за култура „Ацо Караманов“, вчера општина Радовиш во соработка со Министерството за локална самоуправа и Здружението „Театар-Боеми“, преку реализација на интерактивната претстава „Хепи Хипо Шоу“ – како прва предвидена активност, ја започнаа реализацијата на долгорочниот проект „Развој – Ослободи го умот од корупција“.

Проектот е насочен кон долгорочен развој на општините во сите сфери на живеење со посебен акцент на борбата против корупцијата, како и вклучување и анимирање на сите чинители и позитивни вредности во општината за градење на просперитетна, успешна и современа европска општина.

Во иднина ке следува формирање на локален Совет, анализирање на Програмите за развој на општината и уште многу предвидени развојни активности во проектот.

На крајот од промоцијата, пред Центарот за култура „Ацо Караманов“ беше засадено дрво – јавор, кое симболично ќе биде дрво на развојот на општината.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Related Articles

Временска прогноза