Во Паркот на млади во Радовиш, на спомен обележјето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, беше положено свежо цвеќе по повод одбележувањето на 23-ти Октомври – Ден на македонското револуционерно движење.
По тој повод свежо цвеќе положија делегации на: Градоначалникот на општина Радовиш, Советот на општина Радовиш, Општинските организации на Сојузот на борците и Здружението на пензионерите од Радовиш и Конче и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови