НОВИ ПРЕДЛОГ-МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19

Предлог-мерките за заштита од Ковид-19, како што е задолжително носење маски на отворено, забрането групирање по 22 часот на јавни места за повеќе од четворица и забрана за поголеми семејни собири се веќе доставени во Собранието. Се очекува оваа недела пратениците да ги изгласаат потребните измени во Законот за заштита од заразни болести, и истите да се реализираат.

Министерот за здравство, Венко Филипче, појасни дека очекува оваа недела да се изврши амандманска интервенција во законот и дека за кратко време овие мерки да бидат донесени.

-Со амандманска интервенција практично ќе имаме можност веќе следната недела да интервенираме во самата постапка и законот верувам дека за кратко време со оглед на тоа што е донесен да биде по скратена постапка, дека ќе се реализира. Се изнуди таква ситуација да мора да се интервенира во законот поради тоа што дел од уредбите, препораките за носење на заштитна опрема во надворешна средина се ставени во Уредбата со законска сила којашто беше изгласана и донесена на крајот на вонредната состојба, изјави викендов Филипче.

 

Поради зголемениот број на случаи на Ковид-19 изминатите денови Комисијата за заразни болести излезе со нови предлог-мерки кои денеска ќе ги предложи до Владата со очекување истите да бидат прифатени.

Ограничување на работното време на ресторани, кафулиња, сендвичари, пекари до 23 часот, преполовување на капацитетот на јавниот превоз, како и забрана за настани се новите предлог-мерки на Комисијата. Засега не се размислува за воведување на полициски час.

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови




Related Articles

Временска прогноза