ОДРЖАНА СРЕДБА ВО РАДОВИШ НА ТРАНСПОРТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ОД СИЗ МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ АМЕРИТ И МИНИСТЕРОТ БОЧВАРСКИ

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска имаше средба со средба со транспортните превозници и раководството на СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ, на која ќе се разговараше за претстојната распределба на ЕКМТ дозволи.

Неодамна беше најавено дека за 2021 година, според квотата на базни дозволи со кои располага Министерството за транспорт и врски, обезбедени се 1440 годишни дозволи за возила со Евро 6 стандард и 2280 месечни дозволи за возила со Евро 5 стандард. Се изработува и нов електронски систем за распределба на дозволите, но поради ковид-кризата тој ќе стане оперативен следната година.

Министерството за транспорт и врски има активности во насока на надминување на предизвици кои настанаа како резултат на Ковид-кризата.„Во услови на вонредна состојба поради здравствената криза, Министерството за транспорт и врски презеде конкретни чекори за поддршка на транспортерите: континурирано се издававаа транспортните дозволи, се пролонгира важноста на Сертификатите на возачите, се воведоа протоколи за превоз, транспорт и испорака на стока, како и низа други мерки со кои  во такви услови се овозможи непречен транспорт на стока – истакна министерот Бочварски


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза