ГРЦИЈА: МОЖНО ВОВЕДУВАЊЕ ЦЕЛОСЕН КАРАНТИН ДО 30 НОЕМВРИ

Грчката влада предложи воведување карантин низ целата земја во времетраење од три недели, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Премиерот Киријакос Мицотакис соопшти  дека новите мерки можат да стапат на сила во сабота (7-ми ноември).

Обраќајќи се на националната телевизија, тој истакнал дека ќе имаат илјадници луѓе во болниците ако продолжи истата стапка на случаи како и минатата недела.
„Ние ги сакаме граѓаните да бидат сојузници“, изјавил Мицотакис.

Грција вчера потврди 2.646 нови случаи на коронавирус, а 18 лица починале. Од почетокот на пандемијата, во Грција се регистрирани 46.892 заразени лица, а починале 673 лица, пренесува АНА.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 



 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза