НАМАЛУВАЊЕ НА СУДСКИТЕ ТАКСИ, НАЈВИСОКАТА ЌЕ БИДЕ 6.000 ДЕНАРИ

Стапува на сила од денес Законот за изменување и дополнување на Законот за судски такси, со кој граѓаните конечно добиваат големо намалување на трошоците кои ги имаат во судовите, истакна министерот за правда Маричиќ.

„Судските такси се значително намалени. Ако во минатото тие можеа да изнесуваат и до 48.000 денари, сега нема да платите повеќе од 6.000. Трошоците за судските такси во првостепена постапка ќе се движат од 480 до најмногу 6.000 денари, во зависност од вредноста на спорот“,  на денешната прес-конференција информираше Маричиќ.

Со пример објасни како би изгледало тоа во пракса. Ако се тужи на пример, осигурителна компанија за надомест на штета во вредност од три милиони денари, судската такса која треба да се плати е два отсто од вредноста на спорот. Значи, во овој случај граѓанинот ќе требаше за судски такси да го даде максималниот износ од 48.000 денари, а сега според донесените измени давачката ќе биде само 6.000 денари, односно осум пати помалку.

„Доколку е потребно да ја истерате правдината до крај и да ги искористите сите редовни и вонредни правни лекови, по старата тарифа за истиот спор ќе платевте вкупно 288.000 денари (тужба два отсто, одлука два отсто, жалба четири отсто, ревизија четири отсто). По новата судска такса, најмногу може да потрошите вкупно 36.000 денари или 252.000 помалку, доколку се жалите“, истакна Маричиќ.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 



 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза