ПРОГЛАСУВАЊЕ КРИЗНА СОСТОЈБА – со цел ефикасно справување со последиците од кризата заради КОВИД-19

Владата синоќа ја одржа 22-та седница со цел да ја отпочне постапката согласно препораката од Советот на безбедност за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, со цел ефикасно справување со последиците од кризата заради КОВИД-19.

Во таа насока, согласно Законот за управување со кризи на вечерашната седница Владата донесе решение за изменување на Решението за именување членови на Групата за процена, со кое за членови на оваа група се именуваат Стојанче Ангелов, вршител на должност директор на Центарот за управување со кризи и Беким Максути, вршител на должност директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

На оваа седница е донесено и решение за изменување на Решението за именување членови на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и за членови на Комитетот го именуваше Стојанче Ангелов, вршител на должност директор на Центарот за управување со кризи и раководител на Групата за процена.

Со решенијата на вечерашната седница, се овозможува да отпочне постапката за прогласување кризна состојба на целата територија на државата според мислење на Групата за процена, по што ќе следува предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи до Владата по што таа ќе ја донесе одлуката за прогласување на кризна состојба.


Вчера беа регистрирани нови 1.198 случаи, а починаа 26 лица од ковид-19. Ваква кризна состојба за првпат ќе биде воведена во Македонија. Министерот за здравство Венко Филипче за денеска најави дополнителни детали за тоа како ќе се спроведува оваа одлука во пракса, односно дали граѓаните кои евентуално ќе се лекуваат во приватните болници за време на кризната состојба ќе плаќаат по цените што ги имаат приватните болници или ќе плаќаат како да добиле услуга во јавноздравствените установи.

Власта смета дека нема да има ефект ако се воведе полициски час. Треба да се носи маска и на отворено и затворено, да се мијат раце често и да нема групирање, вели Филипче.

 

 

vlada.mk

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 



 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза