Владата на вчерашната седница донесе одлука да се скрати работното време на угостителските објекти, до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.
Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.
„На седницата донесовме и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот. Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби“, се вели во соопштението.
*фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови