ФК Детонит вчера во еден тежок натпревар и гостување во Свети Никола успеа да издржи до крајот и извојува победа со минимален резултат 0-1 кој беше уште од првото полувреме, а стрелец на голот беше Лиманов.
ФК Детонит супериорно оваа сезона реди победи, и по прекинот кој беше минатата недела формата на екипата е на одлично ниво, останува да видеме дали и следниот викен каде што повторно „детонитци“ гостуваат ќе не израдуваат со уште една победа и нови три бода, следниот викен играт со ФК Василево.
ФК Раклиш во еден енергичен натпревар вчера на градскиот стадион во Радовиш успеа да извојува победа, совладувајки ја екипата на ФК Василево која имаше предност уште во првото полувреме и водеше со резултат 1-2, но „раклишани“ успеаа борбено до крајот да издржат и извојуваa една значајна победа со резултат 3-2.
ФК Раклиш следното коло според календарот на Третата фудбалска лига (Исток) повторно ќе биде домаќин, во Радовиш гостува екипата на ФК Спартмани од Градско Балдовци.
Фудбалерите на ФК Плачковица овој викенд го започнаа вториот круг на натпреварување во Втората фудбалска лига (Исток) гостувајки во на кавадаречки ФК Тиквеш.
Овој натпревар беше одигран на теренот во Росоман и ФК Тиквеш извојува победа со резултат 5-1.
Плачковица е домаќин следното коло во Радовиш ни доаѓа штипска Брегалница.
ВИДЕО – Stream ФК Тиквеш-ФК Плачковица
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови