РАБОТА НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ДО 21 ЧАСОТ, ЗАБРАНА ЗА ГРУПИРАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ОД ЧЕТИРИ ЛИЦА ПО 21 ЧАСОТ

Владата на вчерашната седница донесе одлука да се скрати работното време на угостителските објекти, до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.

Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.
„На седницата донесовме и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот. Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби“, се вели во соопштението.
*фото Архива

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 



 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза