76 ГОДИНИ ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО – РАДОВИШ ГО ОДБЕЛЕЖУВА 6-ТИ НОЕМВРИ

Радовиш го одбележа празникот 6-ти Ноември – 76 години од ослободувањето.

Во Паркот на млади беше положено свежо цвеќе а веднаш потоа во Центарот за култура „Ацо Караманов“ беше одржана свечена седница на Советот на општина Радовиш, на која, на предлог на комисијата за награди и признанија, беше донесена Одлука за доделување на овогодишните шестоноемвриски плакети.

Потоа во Центарот за култура „Ацо Караманов“, беше одржана свечена академија на која беа доделени шестоноемвриските плакети. Академијата започна со отварањето на ликовната изложба од радовишката ликовна колонија, а веднаш потоа Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов со поздравен говор ја отвори свеченоста на доделување.

Најпрво, плакета за постигнат јубилеј и значаен придонес во афирмацијата на општина Радовиш беше доделена на Црковниот хор „Св.Спасо Радовишки“, а веднаш потоа беа доделени плакети од областа на културата на Ефтим Манев – за особено достигнување во областа на културата и афирмација на општина Радовиш и на М-р Васо Ристов за придонес и континуирана поддршка на општина Радовиш во областа на јавните дејности.

Плакета за придонес во развојот и квалитетот на живеење на општина Радовиш беше доделена на Здравко Стефановски а веднаш потоа беа доделени и Плакетите за особен придонес во развојот и афирмацијата на општина  Радовиш на: Кирчо Сусинов, Ванчо Чифлиганец, Николајчо Николов и Василиј Борутцкиј.

Академијата заврши со настап на пијанистот Тоше Поплазаров од Радовиш.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 



 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза