ИСПЛАТА НА ПОВРАТОТ НА ДДВ

Започна исплатата на повратот на ДДВ за  во третото тромесечје од годинава, односно за месеците јули, август и септември.

Дел од граѓаните веќе добиле пари, останатите да очекуваат деновиве. Податоците се обработени и сега парите веќе се префлаат на сметките.

Како што информираат од министерството за финансиси, овој пат исплатата е малку подоцна од вообичаеното поради исплатата на парите од повратот од Викендот без ДДВ.

Она што треба да се запази е дека, УЈП има рок да го изврши повратот 60 дена од денот на последната скенирана сметка во тромесечјето.

По овој основ, според податоците на УЈП, треба да бидат исплатени речиси 430 милиони денари.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 


 



 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза