Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира сите производители на грозје дека од денеска па се до 25 декември годинава, може да се поднесуваат електронски барања за произведено и предадено винско грозје во регистрирани капацитети за производство на вино.
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, информира дека за оваа финансиска поддршка може да аплицираат сите кои предале грозје од сортите: Смедеревка, Вранец, Бургундец црн, Станушина, Кртошија, Жилавка и Кадарка.
„Сите земјоделци кои произвеле и предаделе грозје од овие сорти, ќе треба да аплицираат до 25- ти декември. Сите кои правно – законски ќе се стекнат со право на користење на оваа финансиска поддршка ќе добијат дополнителни 2 денари по килограм произведено и предадено винско грозје во регистриран капацитет за производство на вино“, истакна Бабовски.
Преку оваа мерка директно влијаеме на намалување на загубите на производителите на винско грозје, велат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови