КАЛЕНДАРСКИ ПРИСТИГНА ЗИМАТА – започнува зголемување на денот

Од вчера понеделник 21 декември, во 5 часот и 19 минути, во Македонија и северната полутопка започна зимата, а на јужната полутопка започна летото.

Воедно, неделата на северната полутопка ќе биде најкраткиот ден во годината (краткоденица или зимски солстициум), а на јужната полутопка ќе биде најдолгиот ден (долгоденица или летен солстициум).

Во Македонија, најкраткиот ден ќе трае само 9 часа и 7 минути. Ноќта пак (21.12-22.12), ќе биде најдолга за 2020 година и ќе трае цели 14 часа и 53 минути.

Веќе денес  вторник (22.12), ноќите ќе почнат да се скратуваат за по околу 2-3 минути, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат деновите и тоа до 21 јуни 2021 година.

*фото Архива


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



 




 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза