СТАПУВААТ НА СИЛА НОВИТЕ МЕРКИ – ДО 18:00 ЧАСОТ РАБОТА НА РЕСТОРАНИТЕ, ЗАБРАНЕТИ СЕ СОБИРИ И ПРОСЛАВИ

Стапуваат на сила мерките што ги донесе Владата по препорака на Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на коронавирусот.

Со мерките кои ќе бидат во сила до 20 јануари, работното време на угостителските објекти се скратува до 18 часот, а се забранува и организирање и одржување прослави на претстојните новогодишни и верски празници. Овие мерки, според надлежните, имаат за цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид – 19 во престојниот период на празници.

Не се дозволува организрање на Нова Година на отворен и затворен простор од физички и правни субјекти. Ова се однесува и на јавните институции, поради што на општините и на сите организации основани од локалната самоуправа им се укажува дека освен што е забрането секакво групно собирање и организирање прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници, треба да се откажат и прославите што се веќе евентуално закажани.

Во мерките е вклучена и забраната за хотелите за организирање прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници. И тие, ако веќе имаат организирано новогодишни прослави, треба да ги откажат.

Угостителско-сместувачките објекти (хотели, мотели, хостели) и нивните ресторани се ограничуваат со работното време до 21 часот. Тие ќе може да работат исклучиво за пансионските гости и само за време на послужување на оброците. Се ограничува работното време и во кафетериите, баровите и шанковите во угостителските сместувачки објекти до 18 часот.

Со новите мерки се забранува и изнајмувањето викендици и други туристички капацитети за сместување, за групно собирање и организирање прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници, освен за лица од едно, исто семејство.

*фото Архива


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



 




 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза