ОДРЖАНА ПОЕТСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА ЗА ДЕЦА И МЛАДИ „ПРОЛЕТ НА СРЕБРЕНИТЕ СОНИШТА-РАДОВИШ 2020“

Во викендот што измина на ФБ страната на Поетската манифестација за деца и млади се одржа третата по ред поетска манифестација за деца и млади „Пролет на сребрените соништа“- Радовиш 2020.

Манифестација ја организираше здружението на граѓани„Невена за тебе, за мене, за нас“, во соработка со Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија,а како партнери на манифестацијата и оваа година се вклучија Просветно дело Скопје и Општина Радовиш,која финасиски ја поддржа Манифестација. Манифестација се реализираше во два дена.

Првиот ден беше резервиран за онлајн промоции за книги за деца и млади во издание на Просветно дело.Преку видео пораки и записи публиката имаше можност да се запознае со најновите дела на писателите за деца Ванчо Полазаревски, Ксенија Трајчева Маказлиева, Сузана Мицева, Виолета Ѓуровска, а како гости поети беа застапени и поетите Вера Андон и Филип Димковски.

Вториот ден од манифестацијата беше за доделување на дипломи на најдобрите песни кои беа избрани по претходно распишаниот конкурс.Конкурсот беше меѓународен и на истиот пристигнаа повеќе од 300 песни од републиката и регионот.

Жири комисијата во состав: Ана Витанова Рингачева- универзитетски професор, Вера Андон – писател за деца и Гордана Здравкоска- наставник по македонски јазик, одлучија да бидат наградени 30- тина песни во три категории: наградени од четврто и петто одделение, наградени од шесто до деветто одделение и наградени во категорија средно образование.

Овогодишното издание на Манифестацијата поради состојбата со пандемијата за првпат се одвиваше целосно онлајн,но тоа не беше пречка писателите и наградените ученици со своите видео пораки да допрат до сите почитувачи на убавиот пишан збор и така на свој своевиден начин да ги стоплат срцата на многумина.

Организациониот одбор на сите вклучени во Манифестацијата им се заблагодарува, посебна благодарност изразува со Општина Радовиш и Просветно дело.

 

Линк до страницата на манифестацијата ОВДЕ

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



 




 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза