48 ХУМАНИ РАДОВИШАНИ ДАРУВАА КРВ ВО ДОБРОВОЛНАТА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

Вчера во организација на Црвен крст Општинска организација Радовиш и ИТМ Скопје во просториите на ООЦК Радовиш се спроведе доброволна крводарителска акција.

На оваа акција доброволно даруваа 48 крводарители, односно собрани се 48 единици крв, а со тоа уште еднаш е докажана хуманоста на граѓаните од Општина Радовиш.
Се надеваме дека барем малку ќе придонесеме во стабилизирање на потребите за крв и крвни продукти на територија на нашата земја, а со тоа и потребите на оваа драгоцена течност ќе бидат задоволени. Голема благодарност до сите учесници во акцијата, а посебно до крводарителите – истакнуваат од ОО Црвен Крст.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



 




 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза