ФРЕСКОЖИВОПИСУВАЊЕ ВО ХРАМОТ СВ. ПРОРОК ИЛИЈА (фото)

Откако се заврши реновирањето на внатрешниот дел на црквата ,,Свети пророк Илија,, од Радовиш и тоа како прва фаза од реновирањето беше заменет  подот  преку поставување на подно греење и  нови подни плочки а беше извршено и реновирање на ѕидовите и плафонот преку замена на старата малтерија и нанесување на нова малтерија и глетување на истите за да може да се подготви површината на ѕидовите за изведување на фрескоживописување на самата црква, овие денови се започна токму со оваа фаза од реновирањето односно со фрескоживописување на црквата.

Ова фрескоживописување се изведува исклучиво со средства собрани од донации на фирмите и верниците на нашата Света православна црква.

Со ова соопштение црковното настојателство при Храмот ,, Свети пророк Илија ,, од Радовиш  сака да испрати порака до сите верници на нашата црква кои се во можност со своите донации да помогнат за да се заврши фрескоживописот на целата црква.Оние кои ке донираат за фреските и со нивното запижување како донатори на самите фрески ке бидат учесници во овој историски момент за нашата Света црква.

За повеке информации заинтерисираните можат да ја посетат црквата ,,Свети пророк Илија,, во Радовиш каде ке им биде поопширно објаснето.

Ве поздравувам со христијанскиот позрдав Христос помегу нас е и ке биде.

Црковно настојателство при Храмот,, Свети пророк Илија во Радовиш

 

Храм „Св.пр.Илија“  Радовиш

Донаторска сметка 2000033326404-38, Стопанска Банка


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



 




 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза