НАЈМАЛКУ ЕУРО 5 СТАНДАРД ЗА УВОЗ НА СТАРИ ВОЗИЛА

 Годинава се планира да се забрани увозот на возила под ЕУРО 5 стандард. Ќе се субвенционира купувањето на хибридни возила.

Крешник Бектеши, Министер за Економија најави промени во правилата за увоз на поволни автомобили и зголемување на стандардот, што се очекува да помогне да се намали загадувањето и да се поднови возниот парк во земјата. Во план се две мерки – со едната би требало да им се даде директна финансиска помош на оние кои би ги замениле возилата кои ги имаат, а кои се под еуростандард 4, со возила со еуростандард 5 или 6. Втора мерка е субвенционирање на купување на хибридни возила. За двете мерки е потребно да се обезбедат средства.

Сега во овој период и момент не е можен увоз на возила со еколошки стандард понизок од еуростандард 4. Тие возила не можат да се регистрираат и да се возат по патиштата низ С.Македонија, а наскоро би можела да стапи на сила и забрана за возилата под стандардот ЕУРО 5.

„Оваа година би требало да се зголеми стандардот за увоз на возила во нашата држава. А, во однос на мерки ние веќе спроведуваме неколку мерки за вградување на плински уреди во возилата“, најави министерот за економија, Крешник Бектеши на конференцијата „Визија за енергетска транзиција 2040“.

Другите мерки што се планираат се во однос на еколошката компонента на транспортниот сектор, Бектеши ги спомена субвенцииите за домаќинствата за вградување плински уред, или уред на метан, како еколошки горива – мерка што ќе се спроведе годинава.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 




 



 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза