Агенцијата за вработување денес изврши редовна исплата на паричен надоместок за месец Декември 2020 година на 14.406 корисници на паричен надоместок по основ на стечај, технолошки вишок, материјално обезбедување, сето ова согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност и Законите за материјално обезбедување на стечајните работници.
За оваа цел беа исплатени 136.676.737,00 денари.
Информираат од Агенцијата за вработување на Македонија
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови