По повод новогодишните и божиќните празници, и оваа година под покровителство на Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, во склоп на новогодишните активности а согласно протоколите и препораките заради актуелната пандемија, беа донирани новогодишни пакетчиња за најмалите, како и подароци на дел од подрачните служби во општината.
Новогодишни пакетчиња беа доделени на дечињата од здружението на лица со телесен инвалидитет од Радовиш и Конче „Мобилност“, на дечињата од Центарот „Порака“ и на дечињата во Домот за деца „Емануел“. Исто така пакетчиња беа доделени и на Црквите „Св.Пророк Илија“, „Св.Троица“ и „Св.Константин и Елена“, каде за жал оваа година заради самата ситуација не беше одржана традиционалната Бадникова литија а пакетчињата беа доделени на дечињата кои беа дел од Бадниковото и Божиќното празнување во самите храмови.
Во име на Градоначалникот Конзулов, на службите кои минатата 2020 година ја одбележаа со надчовечки напори и огромна јавна одговорност – Државниот санитарен и здравствен инспекторат – П.Е. Радовиш и Центарот за јавно здравје Штип – П.Е. Радовиш, во знак на благодарност и успешна соработка со ЕЛС општина Радовиш, од страна на Секретарот на општина Радовиш Драги Стојанов им беа подарени мултифункционални печатари.
Огромна благодарност беше изразена и од нивна страна, со желби во новата 2021 година што поскоро да се надмине, за жал сеуште актуелната пандемија и сите работи да продолжат со нормално функционирање.