Рудниците Бучим и Боров Дол, објавуваат отворен повик за пријавување на учесници во новата дигитална стипендиска програма, која што се спроведува во соработка со светски познатиот Салцбуршки фестивал, поддржана од матичната компанија на рудниците – Солвеј Инвестмент Груп.
Ажурираниот формат на образовната програма @ creative.fellowship е продолжение на претходната иницијатива за млади таленти која се спроведува од 2017 година. Оваа година иницијативата го проширува географскиот опсег и покрај талентираните кандидати од Радовиш и Конче, можност за аплицирање имаат и младите талентирани деца од Штип.
Во 2021 година, како одговор на предизвиците од пандемијата Ковид-19, организаторите ги прифатија неодамнешните трендови и целосно ја редизајнира претходната програма за млади таленти, усвојувајќи го неформалното и стручно образование преку призмата на уметноста и новите технологии и креираше нова интерактивна програма прилагодена на дигиталното време, која што ќе се одвива преку платформите Zoom, WhatsApp, Miro и Notion и популарните социјални мрежи Instagram и TikTok.
Поради пандемијата со Ковид-19 и глобалните ограничувања за патување, посетата на оперскиот камп во Салцбург не е сигурна и затоа организаторите ја поставија целта, виртуелно да го донесат оперскиот камп до талентите. 2021 генерација на учесници ќе имаат можност да бидат дел од новиот дигитален формат на образовната програма, во која што покрај изучувањето на англискиот јазик, воведена e и уметничка академија со интерактивни часови по историја на уметноста и тринеделени мастер клас часови по музика, современ танц и движења, предводени од уметнички професионалци од Салцбуршкиот фестивал. Ова ново дополнување на програмата им овозможува на учесниците да се поврзат со врвни уметнички професионалци кои ќе им го пренесат нивното искуство и ќе ги научат како да бидат најдобри во она што го прават.
2021 CreativeFellowship претставува уникатна прилика, преку која што тинејџерите имаат можност да го покажат својот извонреден талент и добиваат шанса да бидат дел од еден голем меѓународен уметнички проект. Програмата има за цел да ги потикне младите генерации да го развиваат својот потенцијал, да ги унапреди нивните вештини и знаења и да ги поддржи во патот кон нивниот успех.
Креативните талентирани деца од Радовиш, Конче и Штип кои што имаат музички талент, актерски или танцувачки способности или пак цртаат, фотографираат или дизајнираат т.е. сите оние кои поседуваат каков било талент во која било област можат да се пријават да бидат дел од интернационалната онлајн образовна програма и да се здобијат со сертификат за завршен курс по англиски јазик, серификат за завршен курс по историја на уметност од iTunes University, специјализирани обуки предводени од експерти од Слацбуршкиот фестивал, викенд патување со посета на културните инситуции во Скопје, а само еден од нив – победникот, добива персонализирано патување во Салцбург и индивидуална обука со еден од менторите од стипендиската програма на Салцбуршкиот фестивал (во случај на законски ограничувања за патувања, патувањето ќе биде одложена или ќе се реализира онлајн).
Пандемската 2020 година беше предизвик за програмата, која што и ја принуди трансформација на програмата во платформа за онлајн образование. Победниците од 2020 година ќе го имаат ветеното патување до Салцбург, кога интернационалните патување повторно ќе биде возможни, и кој било од поранешните учесници е добредојден да се приклучи во новиот дигитален формат на програмата.
Повикот е отворен за сите млади креативни ентузијасти од Радовиш, Конче и Штип на возраст од 14 до 17 години.
Вкупно 15 учесници од Северна Македонија имаат можност да бидат дел од стипендиската програма, а крајниот рок за пријавување е 8 февруари 2021 година.
За подетални информации и начинот на пријавување, посетете ја интернет страницата:
https://solwaygroup.com/musiccamp/?lang=mk
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови