РЕСТОРАНИТЕ И КАФУЛИЊАТА СО ПРОДОЛЖЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ – ОД ДЕНЕС ДО 21.00 ЧАСОТ

Угостителските објекти од денеска наместо до 18 часот ќе работат до 21 часот. Министерот за здравство Венко Филипче во една прилика најави дека за следната недела можно е ново продолжување на работното време, до 23 часот.

Угостителите се сепак незадоволни од односот на Владата кон нивната работа. Од независната угостителска комора негодуваат што не биле викнати на консултации за петтиот пакет мерки кој моментно се дебатира. Откако беше објавено во вторниот дека е донесена една мерка од пакетот угостителите се чувствувале изиграни што се носат мерки за поддршка на други индустрии прво, наместо за нив оти како што сметаат, тие биле најпогодени.

Според претседателот на НУК, Владата е во целост одговорна за опстанокот на угостителската индустрија до завршувањето на корона кризата. Угостителите немаат време за чекање и за да ги сочуваат сите работни места на Владата и даваат рок до 25 јануари да донесе итна одлука за продолжување на мерката субвенција на бруто плати од почетокот на месецов со траење додека се во важност ограничувањата со рестриктивните мерки, односно протоколите за работа на угостителски објекти или до завршување на пандемијата, како и да ги реализира нивните останати барања.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



 




 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза