ВО РАДОВИШ ХУМАНОСТА ЈА ИСКАЖАА 40 КРВОДАРИТЕЛИ

Вчера во организација на Црвен крст Општинска организација Радовиш и ИТМ Штип во просториите на ООЦК Радовиш се спроведе доброволна крводарителска акција.

На оваа акција доброволно даруваа 40 крводарители, односно собрани се 40 единици крв, а со тоа уште еднаш е докажана хуманоста на граѓаните од Општина Радовиш.
Се надеваме дека барем малку ќе придонесеме во стабилизирање на потребите за крв и крвни продукти на територија на нашата земја, а со тоа и потребите на оваа драгоцена течност ќе бидат задоволени, велат од ОО Црвен крст. 
Голема благодарност до сите учесници во акцијата, а посебно до крводарителите искажуваат од ОО Црвен крст. 
*фото: ОО Црвен крст Радовиш

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



 




 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза