ДОНЕСЕН БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ

Синоќа на 52та седница на Советот на општина Радовиш со 10 гласа ЗА беше донесен Буџетот на општина Радовиш.

Дневниот ред за оваа седница беше истиот како и претходните две седници каде што немаше изгласување на овој дневен ред и не се одржаа, но синоќа со поеднечно изјаснување и гласање на советниците се усвои овој предлог-буџет на општината.

Исто така советниците ги разгледуваа и усвоија и предлог-програмите и одлуките кои се за оваа 2021 година – Програма за јавни потреби и спорт за 2021, програма за урбанистички планови, програма за уредување на градежно земјиште и други кои беа на дневниот ред.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



 




 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза