ЗИМАТА ПРОДОЛЖУВА – НАЈАВА ЗА ЛЕДЕНА СНЕЖНА БУРА

Претпладне променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во северозападните делови ќе има врнежи од дожд.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.

Променливо облачно во Радовиш и југоистокот, попладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 16 степени.

Од четврток навечер и во текот на ноќта кон петок се очекува нагло и големо заладување на времето проследено со засилен ветер од северен правец и локални врнежи кој од дожд ќе преминуваат во снег.


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози, информираат од АМСМ.

Поради минирање на патниот правец Пресека – село Врбјане денеска од 12 до 15 часот, сообраќајот ќе биде во прекин околу 30 минути.

Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 



 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза