На 22.02.2021 во периодот од 08.00 до 16.00 часот на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Гевгелија била спроведена акциска контрола над возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле откриени 5 прекршоци и на возачите им биле изречени соодветни санкции. Констатирани биле и 3 останати прекршоци.
Истиот ден, во периодот од 09.00 до 13.00 часот на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Радовиш била спроведена контрола на техничка исправност на возила кои вршат јавен превоз на патници, при што 8 возила биле упатени на вонреден технички преглед. Кај 3 од возилата била констатирана техничка неисправност на уредот за запирање и тие биле исклучени од сообракај. Исто така, биле констатирани и 13 останати прекршоци. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани.
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (22.02/23.02.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 20 лицa не ја почитувалe, од кои 8 во Валандово, 6 во Струмица, 4 во Радовиш и 2 во Гевгелија и ќе следуваат соодветни мерки.
*фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови