ПРОДОЛЖУВАТ РАБОТИТЕ НА ВОЗОБНОВУВАЊЕТО НА ЦРКВАТА СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА

Продолжуват дел од работите на возобновувањето на црквата Свети Константин и Елена во Раклиш, завршен е и третиот ѕид од внатршноста на црквата, останува уште еден и со расчистување на отпадот и скелето може нормално да има богослужба – информираат од црквата Свети Константин и Елена во Раклиш.

Инаку во овој проект за возобнување беа вклучени работи околу инсталација на струја, олуци за кровот, нови прозори и внатрешно грубо нанесување на малтер, гипскартон со глет на таваните и глетовање на ѕидовите.

ОБНОВА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЦРКВАТА СВЕТИ „КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА“ ВО РАКЛИШ (фото)

 

Од црквата Свети Константин и Елена во Раклиш упатуваат апел кој е во можност да помогне и донира за овој проект да биде успешно завршен.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 



 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза