СТУДЕНО И ВЕДРО, ОД УТРЕ ПОВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ

Во утринските часови ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со појава на слаба магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Во вечерните и ноќните часови облачноста ќе се зголеми и во североисточните делови ќе има повремен слаб снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -16 до -7, а максималната ќе достигне од -2 до 6 степени.

Во Радовиш утринската температура ќе биде околу -7, а максималната околу 4 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, во утринските часови со слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до -13, а максималната ќе достигне до 0 степени.

Ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во пораст, но сепак утринските ќе бидат негативни, на места и под -10 степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 



 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза