НОВИ ТЕХНИЧКИ НАСОКИ ЗА КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ И ИНТЕГРАЦИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ ВО РЕАЛНИОТ СЕКТОР

Образовната понуда на средните стручни училишта да се прилагоди на потребите на реалниот сектор и потребите на пазарот на трудот е главната порака од одржаната трибина: “Учи паметно, работи стручно,”која се спроведува со поддршка на Амбасадата на Швајцарија и Министерството за образование и наука.
Реформите во средното образование треба да обезбедат квалитетни наставни содржини за младите луѓе и стручен кадар за бизнис секторот. За таа цел, планираме да ја прошириме програмата на средното училиште „Коста Сусинов“ со воведување на три нови насоки: „Рударско-геолошки техничар, Електро-техничар за индустриски потреби и Машински техничар.“
Верувам дека новите образовни профили ќе донесат дополнителна мотивација кај учениците за стекнување со средно стручно образование и создавање на квалитетни кадри за интеграција во локалната економија.
Трибината се одржа во Струмица, со присутво на премиерот Зоран Заев придружуван од министерката за образование и наука Мила Царовска, амбасадорката на Швајцарија Сибел Сутел, градоначалникот на Радовиш Герасим Конзулов, градоначалникот на Струмица Коста Јаневски и бројни претставници на бизнис секторот и средните стручни училишта.
Општина Радовиш

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

Related Articles

Временска прогноза