СПРОВЕДЕНИ КОНТРОЛИ ЗА УПРАВУВАЊЕ ВОЗИЛА СО БРЗИНА ПОГОЛЕМА ОД ДОЗВОЛЕНАТА

На 10.02.2021 во периодот од 08.00 до 12.00 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш спровеле акциска контрола над возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што биле откриени 7 прекршоци. При контролата биле констатирани и 9 останати прекршоци.
Истиод ден во периодот од 12.00 до 16.00 часот на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Гевгелија полициски службеници спровеле акциска контрола над возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле откриени 17 прекршоци по акциската контрола и 11 останати прекршоци.
Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (10.02/11.02.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 31 лицe не ја почитувалe, од кои по 12 во Валандово, 9 во Струмица, 8 во Гевгелија и 2 во Радовиш и ќе следуваат соодветни мерки.

*фото Архива

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 



 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза