Почитувани, О.К на ВМРО-ДПМНЕ Радовиш на седницата одржана на 18.02.2021 год. донесе одлука за отпочнување со процесот на собирање на граѓански потписи за поништувањето на актуелниот закон за ПОПИС.
Со овој закон, власта предводена од СДСМ сака да спроведе политикански договорен ПОПИС. Оваа операција ја сведоа на етничко пребројување во кое процентите однапред ги договориле, наместо ПОПИС како сериозна статистичка операција од големо значење за државава.
Да кажеме НЕ на наместен ПОПИС!
За таа цел почитувани граѓани, Ве повикуваме масовно со вашиот потпис да ја поддржите оваа граѓанска иницијатива.
(Ве молиме да се придржувате на здравствените мерки)
- Сабота 20.02.2021 год. Градски пазар Радовиш. 10:00 час. – се вели во соопштението на ОК ВМРО-ДПМНЕ Радовиш кој прес го одржа Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Јован Ристов.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови