Ракометарите на РК Радовиш вчера успеаа и обезбедија осминафинале од Купот на Македонија.
Во натпреварот кој се одигра во Скопје со домашната екипа на РК Металург РА, нашиот суперлигаш беше супериорен и оставри резултат 25-30. Во овој квалификациски натпревар сите ракометари кои добија шанса од тренерот Љупче Мијалов имаа можност допринесат за овој резултат кој на моменти беше и преку 10 гола разлика за нашиот клуб.
РК Металург РА – РК Радовиш 25:30 (12:17)
Металург РА: Брестовац, Ацевски, Димевски 2, Фидановски 4, Христоски 1, Николов 9, Андревски 1, Ристовски 3, Георгиевски, Шкријељ 2, Мандиќ 2, Прцуловски 1, Петровски и Таневски. Седмерци: 6/8. Исклучувања: 6 минути.
Радовиш: Паунов, Стојановски 3, Марков, С.Ѓорѓиев 4, Постолов 1, Ј.Ѓорѓиев, Спасов 1, Органџиев 2, Ристов 1, Трајковски, Чапов, Јовановски, Лојанчиќ 4, Ачимовиќ, Кобеиси 5 и Илиев 8. Седмерци: 3/3. Исклучувања: 18 минути.
Судии: Илија Давидовски и Бобан Стојановски.
Делегат: Душко Камишевски.
Екипите кои обезбедија пласман во следната фаза од Купот, ќе бидат распоредени во четири групи од по четири тимови.
*фото РК Металург
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови