ВИСИНАТА НА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА 2021 ГОДИНА ЗА ОБЕЛЕЖАНИ ГРЛА ОВЦИ ОД СИТЕ КАТЕГОРИИ

Согласно Уредбата за директни плаќања за 2021 година на корисници, за обележани грла овци од сите категории,  објавена во Сл. Весник на РСМ бр.12/2021, детално ви ги претставуваме поблиските критериуми за директни плаќања во сточарското производство, кој може да биде корисник на средствaта, максималните износи и начинот на директните плаќања за оваа година.

Мерка 2.7: Директни плаќања за обележани грла овци од сите категории

-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци кои поседуваат минимум 30 грла овци од сите категории евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на овци и истите ќе ги чуваат најмалку до 31.10.2021 година;  

-Висината на директните плаќања изнесува 1.200 денари по грло, односно 1.300 денари по грло за земјоделски стопанства со пријавен број на грла за финансиска поддршка од минимум 101 до максимум 500 грла за сите категории и возрасти.

Мерка 2.8: Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.7 за задржано женско јагне

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства одгледувачи на овци и се корисници од подмерка 2.7. на оваа уредба;

-Висината на директните плаќања изнесува 1.000 денари по грло и се исплаќа за женско јагне кое на 31.10.2021 година е на возраст од шест до 18 месеци.

Пријавувањето за субвенции за 2021 година се очекува да започне во почеток на месец април.

 

*фото Архива


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза