ГОРИВАТА ПОЕВТИНИЈА

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги вчера донесе одлука со која  врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,35 % во однос на Одлуката од 15.3.2021 година.

Со тоа, од полноќ, новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 67 денари за литар, а Еуросупер БС-98 се продава по цена од 69 денари за литар. Новата цена на дизелот е 56,5 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство се намали за еден денар и неговата нова цена е 45,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намали за 0,818 денари за килограм во однос на претходно утврдената цена и согласно тоа се продава по цена од 35,393 денари за килограм.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза