ЛИКОВНАТА КОЛОНИЈА „КАРАМАНОВ“ ВО КАВАДАРЦИ

Изложба на дела од Ликовната колонија „Караманов 2020 – Радовиш” беше отворена синоќа во Домот на културата „Иван Мазов-Климе” во Кавадарци.

Ликовниот уметник Владимир Темков, кој и самиот бил дел од колонијата, рече дека е таа една од најдобрите.

Директорките на кавадаречкиот културен дом и Центар за култура „Ацо Караманов“ од Радовиш, Јулијана Туриманџова и Изабела Ангелова потпишаа меморандум за соработка меѓу двете културни институции.

Ликовниот уметник Горан Боев говореше за импресиите од учеството на колонијата.

-Посакувам оваа колонија да живее и понатаму и да продолжиме и на овој начин да ја развиваме уметноста, да дадеме свој придонес во животот на луѓето, во кој има потреба од уметност, нагласи Боев.

Настанот имаше и поетски дел од вечерта.

 

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза